Иаго Силва/Instagran

Татко му е легенда на Бразил, а тој ќе дебитира за Англија

Синот на легендарниот бразилски фудбалер Тијаго Силваа ќе дебитира за репрезентацијата на Англија, откако доби повик во селекцијата до 15 години и им се приклучи на останатите фудбалери од оваа генерација.

Тијаго Силва, кој со 113 настапи е петти фудбалер во историјата на бразилската репрезентација по број на одиграни натпревари, остави силен белег и во Челси, клуб во кој денес настапуваат и неговите синови.

Поранешниот капитен на „кариоките“ на своите деца им ги даде имињата Иаго и Исаго, а токму помладиот, Иаго Силва (14), сега го прави својот прв чекор на репрезентативен план, но во друга репрезентација.

Иако по потекло е Бразилец и од татко и од мајка, Иаго со години живее во Англија, што му овозможи право на настап за оваа репрезентација. Според правилата, младите фудбалери можат да ја претставуваат земјата во која престојуваат најмалку три години, дури и ако таа не им е родна.

Иаго веќе пет години е дел од англиската средина и важи за еден од најперспективните таленти во академијата на Челси. Сепак, Бразил и понатаму има можност да не го изгуби, бидејќи се до настапот во сениорската селекција фудбалерите можат да ја променат репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот