Неделава МВР со засилени радарски контроли низ државата, вечерва започнува 24-часовен маратон за „ловење“ брзи возачи
Акцијата ќе трае до 19 април, а од вечерва на полноќ МВР најави 24-часовен радарски маратон, со што се очекува македонските сообраќајници да бидат „преплавени“ со радарски контроли, кои ќе се спроведуваат во текот на целото деноноќие.
Низ државата оваа недела ќе има засилени радарски контроли од страна на МВР, како дел од европската акциска контрола која ја спроведуваат сите членки на Европската мрежа на сообраќајни прекршоци – РОАДПОЛ.
Препорачано
-Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата. Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина- велат од Министерството.
Акцијата ќе трае до 19 април, а од вечерва на полноќ МВР најави 24-часовен радарски маратон, со што се очекува македонските сообраќајници да бидат „преплавени“ со радарски контроли, кои ќе се спроведуваат во текот на целото деноноќие.
-Од среда, 15 април од 00.00 часот до четврток 16 април 00.00 часот ќе биде 24-часовен Маратон на брзина и во тој период ќе има непрекинати акциски контроли на брзината на движење на територијата на целата држава – најавија од МВР.
Сепак, оттаму додадоа дека локациите на акциските контроли им се однапред познати за возачите, бидејќи, како што велат од МВР, целта на оваа акција не е казнување, туку безбеден сообраќај.
-Голем дел од локациите на акциските контроли им се однапред познати на возачите со цел да се засили превентивниот карактер на акциите. Целта не е казнување, целта е сообраќај во рамките на обележаните брзини, сообраќај кој спасува животи – соопштија од Министерството.
Како што велат од МВР, РОАДПОЛ маратонот за брзина е заедничка акциска контрола на сите европски сообраќајни полиции која се изведува истовремето на сите европски патишта.


