„Не сум виновен“, рече осомничениот за убиството на кучето Феликс во суд
Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски осомничени за убиството на кучето „Феликс“ во Момин Поток на денешното судење се изјаснија како невини, односно дека не чувствуваат вина за кривичното дело што им се става на товар. Снимките од надзорните камери покажаа дека тоа со шипка беше удирано по главата десетици пати лани во ноември, а угина во јануари годинава, по педесетина дена борба за живот во ЈП „Лајка“.
Препорачано
Според обвинението, двајцата на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Крстевски со тврд дрвен предмет и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво. Како последица на повредите, кучето угинало на 07.01.2025 година. Јавниот обвинител достави и предлог за определување мерка на претпазливост – задолжително јавување во Судот за двајцата обвинети, имајќи го предвид пред се објектот на инкриминацијата на ова кривично дело изразено преку заштита на животните од нехумано постапување.
ГАЛЕРИЈА | Обвинетиот за убиството на кучето Феликс транспортиран со амбулантно возило


