Судење за куче/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
ГАЛЕРИЈА | Обвинетиот за убиството на кучето Феликс транспортиран со амбулантно возило
Мирослава Симоновска
Пред
Активистите за заштита на правата на животните, после денешното одложено судење за убиството на кучето Феликс, го пресретнаа обвинетиот кој излезе од задната врата на Кривичниот суд. Предната врата на судот беше блокирана за влез и излез поради големиот метеж и присутните луѓе. Кога обвинетиот излезе од задната врата на судот почнаа бркотници, тој бегаше од насобраните активисти, кои го следеа до црквата „Богородица“ на кејот на Вардар.
Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за кучето Феликс кое поради тешки повреди нанесени од двајца соизвршители угина на 7 јануари.
Одложувањето е затоа што еден од обвинетите и неговата одбрана го немаат примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство. Обвинетите се товарат за убивање и мачење животни.
Од Здружението „Анима Мунди“ побараа зголемување на санкциите предвидени со член 233 (Убивање и мачење на животни).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
До крајот на јуни до граѓаните и до фирмите ќе бидат доставени решенијата за данок на имот и за фирмарина за 2026 година, но годинава нема да бидат само во хартиена форма туку се воведува и електронска достава. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Коцки мраз и малку имагинација — трикови за …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Коцки мраз и малку имагинација — трикови за подобар интимен живот за време на летните горештини 2 Фудбалерите на ДР Конго во карантин поради ебола, па на мегдан против Португалија 3 ФОТО | …