Не сакате влакна низ вашиот дом? Ова се петте раси на кучиња кои не се митарат

Фото: Flickr

Повеќето кучиња се митарат, што е нормален начин да се ослободат од оштетеното или старо крзно. На некои кучиња може да им паѓаат повеќе влакна во зависност од годишното време или кога се болни, под стрес, имаат алергиска реакција или иритација на кожата.

Доколку некој од вашето семејство е алергичен на влакна од кучиња или едноставно не сакате да го чистите вашиот дом секој ден, постојат неколку раси на кучиња кои се митарат помалку од другите.

Ова се петте раси кои експертите ги одвојуваат како кучиња кои не се митарат.

Керн териер

Керн териер / Фото: Pixabay / dendoktoor

Како и повеќето териери, тие се пријателски настроени кон семејството и се многу лојални кучиња. Ова се кучиња кои сакаат да бидат активни, затоа дајте им простор да копаат и тие ќе бидат среќни. Иако имаат двоен слој на крзно, надворешноста е цврста, што го намалува митарењето.

Котон де Тулеар

Котон де Тулеар / Фото: Pexels/ Archibald Marajas

Малите бели кучиња со долго крзно се разиграни, имаат одличен карактер, но го сакаат вашето внимание. Им треба малку повеќе време и внимание при капењето и четкањето, што им помага да не се митарат.

Лагото Ромањоло

Лагото Ромањоло / Фото: Flickr / Xena*best friend*

Најпознат по откривањето тартуфи во неговата родна Италија, оваа раса го добива својот изглед на плишано мече поради долгото крзно со кадрици. Лаготото Ромањоло е паметна, игрива и атлетска раса на куче со големо срце кое исто така се вбројува во листата на кучиња што не се митарат.

Малтешка пудлица

Малтешка пудлица / Фото: Pexels / Carolina Navarro Loayza

Ситна, нежна и шармантна раса со свилено бело крзно, малтешките пудлици бараат посветена нега на влакното за да го одржат својот изглед. За среќа, оваа раса е уште еден вид на мало куче кое не се митари многу, што остава повеќе време за игра наместо за чистење.

Португалско водно куче

Португалско водно куче / Фото: Flickr / AnjingDijual

Слични со пудлиците, португалските водни кучиња се атлетски, активни, желни за задоволство и одлични членови на семејството. Имаат густо, брановидно влакно во многу впечатливи бои кое исто така малку се митари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот