Мики Рурк - Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Не сака да работи за „мала сума“: Мики Рурк одби 100.000 долари и низа деловни понуди

Како што пишуваат светските медиуми, актерот Мики Рурк (73) во последниот период има финансиски проблеми. Минатиот месец добил известување дека мора да плати повеќе од 59.000 долари за кирија која, според наводите, ја должи, или ќе мора да се исели. Негови обожаватели веднаш се обидоа да му помогнат, но изгледа Рурк не барал таква помош, пишува „Пипл“.

На почетокот на оваа година била покрената кампања за собирање средства за него на платформата GoFundMe. Кампањата ја започнала Лија-Џоел Џонс, која е асистентка на менаџерката на Рурк, Кимберли Хајнс. На социјалните мрежи наведува дека кампањата била одобрена од самиот актер и дека целта била „да му се помогне да ги покрие трошоците за кирија“ за да не остане без покрив над главата.

Сепак, во четвртокот кампањата била ставена на пауза. Собрани се 96.789 долари, што не е далеку од поставената цел од 100.000 долари. Во петок се појави порака од Рурк, во заедничка објава со World Boxing News, тој изјавил дека целата кампања е „срамна“. Неколку дена претходно се обратил и преку видео на социјалните мрежи.

„Некој покренал кампања за да ми донираат пари. И тоа не сум јас, разбирате? Да ми требаа пари, никогаш не би побарал проклети донации“, рече тој, меѓу другото. Исто така истакна дека не знаел што е GoFundMe.

Во меѓувреме, Рурк е сместен во хотел, а собата ја плаќаат неговата менаџерка и еден продуцент.

За „ТМЗ“ Хајнс проговорила и за неговите финансиски потешкотии. Навела дека актерот неодамна добил неколку понуди за работа – точно шест во последните два дена – но за нив не е заинтересиран. Независно од финансиските проблеми, Хајнс вели дека Рурк поради гордост не сака да прифати работа која се плаќа помалку од 200.000 долари на ден. Исто така, сака да соработува со врвни актери и режисери со кои претходно веќе работел.

ФОТО | Мики Рурк непрепознатлив: На актерот му се заканува иселување од домот во Лос Анџелес

ФОТО | Мики Рурк непрепознатлив: На актерот му се заканува иселување од домот во Лос Анџелес

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот