горан бреговиќ корча
Горан Бреговиќ / ФОТО: EPA/CARLO FERRARO

„Не можев да замислам дека ќе ми се случи ова“: Бреговиќ со емотивна порака за 76-тиот роденден

Горан Бреговиќ емотивно им се обрати на своите следбеници по повод својот 76. роденден, кој го прослави на 22 март. Познатиот босански музичар со светска кариера призна дека животот му донел повеќе отколку што некогаш можел да замисли.

„Вчера го прославив мојот 76-ти роденден. Дваесетгодишниот јас никогаш не би замислил дека на 76 години, илјадници луѓе ќе ја слушаат мојата музика и ќе доаѓаат на моите концерти. Не би можел да бидам поблагодарен. Ви благодарам на сите за вашата поддршка, вашите љубезни пораки и што сè уште ја славите мојата музика денес. На здравје“, напиша Бреговиќ на Фејсбук.

Неодамна, тој за првпат откри и дел од приватниот живот, како и од својата повеќедецениска кариера. По повод турнејата „Доживеј ја стотата – 50 години Бијело дугме“, Бреговиќ во интервју за „Б92“ се присети на своите почетоци.

„На 17 години свирев во стриптиз-бар, на 18 веќе бев во Италија и снимав во бар, а потоа дојде мајка ми и ме однесе дома бидејќи имав проблеми со дрогата. Потоа студирав четири години и ѝ ветив на мајка ми дека нема да свирам бидејќи за неа тоа беше поврзано со дрога. Кога почнав да одам на училиште, требаше да им предавам филозофија на средношколци и ја направив првата плоча за „Бијело дугме“, изјави Бреговиќ.

Тој се осврна и на семејниот живот, нагласувајќи дека има стабилен однос со сопругата Џенана Суџука, со која има три ќерки.

„Имав среќа да имам жена која… Ако ѝ кажам сега ‘ајде да гледаме телевизија’, таа ќе ми рече: ‘Навистина? Алоо, што ти е?’ Никогаш не сум имал чувство на некој посебен компромис со неа. Инаку, кога ќе го погледнеш однадвор, луѓето се сакаат на различни начини… веројатно има и ваков начин“, рече Бреговиќ.

Таа беше најубавата манекенка во Југославија, a Горан Бреговиќ ѝ ја посвети песната „Битанга и принцеза“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот