Избирачки список / илустрација / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Не гласале болните и изнемоштените луѓе во Ново Село – имало грешка на гласачките ливчиња

Грешка во испечатените редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче, утринава го спречија гласањето на болни и изнемоштени луѓе во Општина Ново Село , јавува „СДК.мк“.

На овие локални избори во Општина Ново Село пријавени се 400 лица кои со медицинска документација потврдиле дека не можат утре да излезат на избирачките места да гласат, па согласно законот, своето право требаше да го остварат денеска.

Избирачките одбори утрово не заминале кон домовите на болните и изнемоштени во општината за да можат тие да гласаат. Според неофицијални информации, сменети се редните броеви на двајца носители на листите за советници.

За случајот е информирана Државната изборна комисија. Оттаму брифираа дека гласачкиот материјал за советници е повлечен и се дистрибуира нов и дека сите болни и изнемоштени ќе го остварат своето право.

„Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен. Таму денеска ниту едно пријавено болно или изнемоштено лице нема гласано. Станува збор за гласачки материјал за советнички листи. Се дистрибуира нов и сите болни и изнемоштени лица ќе гласаат“, соопштија од ДИК.

Во струмичкиот регион пријавени се 1.308 болни и изнемоштени лица. Освен во Општина Ново Село, денеска гласаат и 514 болни и изнемоштени во Општина Струмица, во Босилово 232, а во Општина Василево 162.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот