Не е синхронизиран филм: Бугарската полиција го конфискува бугарскиот пасош на „Рамбо“ во спектакуларна акција

Бугарските власти соопштија дека разбиле криминален синџир, кој печател фалсификувани пари и документи со висок квалитет.

Меѓу документите се наоѓал и лажен пасош со фотографија од глумецот Силвестер Сталоне, кој требало да ги воодушеви потенцијалните клиенти.

Обвинети се четворица бугарски државјани дека припаѓале на организирана криминална група, која изготвувала и продавала лажни бугарски документи, евра и американски долари.

Бугарските власти извршиле претрес на 30 локации во заедничка операција со Агенцијата на ЕУ за полициска соработка (Европол) и тајната служба на САД, наведуваат обвинители.

Шест лица се уапсени откако е пронајдена незаконска опрема за печатење на пари и изработка на документи, како и големо количество на лажни банкноти од 50 евра и 100 долари.

Во 2018-та година бугарските власти открија уште еден голем скандал. Тогаш бандера за струја која се наоѓа во селото близу Благоевград во Бугарија беше пријавена како адреса на живеалиште на илјадници Македонци со бугарско државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот