НБА ѕвездите во карантин, учат да готват, да шијат…

Лагодниот живот на кошаркарите во НБА е нарушен поради пандемијата на коронавирусот поради која се приморани да седат во своите домови.

Самоизолацијата ги натера НБА кошаркарите да си посветат време за себе си и да научат нови работи, а воедно и да видат како ќе им изгледа животот кога ќе ги завршат професионалните кариери.

Додека заразата на коронавирусот рапидно се шири во САД, центарот на Шарлот хорнетс, Коди Зелер беше приметен како „лута“ низ маркетите во градот, и токму тоа му е единствената активност од својот дом.

Омилено јадење му е пилешко, но проблем за него е тоа што не знае да готви, а досега неговите оброци ги посготвуваше мајка му.

Поради тоа Зелер често гледа видеа на јутјуб преку кои се обидува на научи да готви. Последен обид му беше да си подготви школки.

– Се уште се обидувам да ги направам. Но, добро е што ни остана многу малку храна која мајка ми ја подготви – вели Зелер.

Една од омилените хобија на НБА ѕвездите се видео игрите, но дури и страствени љубители на видео игрите како Донте Дивиченцо, мораат да најдат начин како да го поминат и остатокот од денот.

– Го исчистив целиот дом, а дури не беше ни потребно такво нешто да се прави – зборува Донте Дивиченцо кој открива дека со својата девојка го исчистиле секој дел од домот и притоа нашле работи на кои заборавил. Притоа се одлучил и да направи ново дело, донирал 40 пара патики и шест вреќи гардерова во хуманитарни цели.

Центарот на Индијана пејсерс, Мајлс Тарнер, ја има речиси истата рутина како и поголемиот дел од кошаркарите, секое утро џогира, потоа игра видео игри и потоа гледа серии. Сепак и тоа не е доволно за да се исполни денот и поради тоа одлучи да решава сложувалка од 2.000 парчиња, а мотивот се Војна на звездите.

Тоа е нешто што отсекогаш сум сакал да го направам. На сите ни недостасува кошарката, но исто така сега сфаќаме колку сме среќни. Сфаќаме колку работо има за кои треба да се згрижиме, а кои се многу поважни – вели Мајлс кој вели дека уште сега знае што ќе прави откако ќе замине во пензија.

– Мојата мајка е шивачка и би сакал да видам и научам како тоа функционира – додава Тарнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот