Навредливиот твит го доведе во судница Илон Маск

Илон Маск / Фото: EPA/PETER FOLEY

Почна судењето на сопственикот на „Тесла” Илон Маск бидејќи на Твитер го нарече „педофил” британскиот нуркач кој помогна во спасувањето на група момчиња од пештера на Тајланд.

Вернон Ансворт, кој одигра клучна улога во спасувањето на 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер од пештерата Там Луанг Нанг Нон во јули 2018 година, рече дека Маск на Твитер го нарекол педофил.

Серијата твитови почна откако Ансворт изјавил дека подморницата која ја подготвил Маск за спасување на децата, е неупотреблива и дека нема шанси таа да биде корисна во обидот да се извадат заглавените деца. – Тој немаше претстава како изгледа пештерата, изјави тогаш Ансворт.

После тоа Маск реагираше на Твитер, нагласувајќи дека подморницата е тестирана и не постои никаков сомнеж во нејзината употребливост.

„Извини педофиле, самиот го бараше тоа” – напишал Маск, но потоа го избриша својот твит.

Ансворт вели дека Маск треба да плати отштета и да одговара за нарушување на неговата репутација.

Судењето би требало да трае пет дена, а се очекува Маск да сведочи во своја одбрана. Тој веќе се извини за твитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот