Навреди и пцости: Топлес фотографиите на Кејт Мидлтон ги скараа Трамп, Чарлс и Вилијам

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Новата книга за животот на британскиот крал Чарлс Трети открива незгодни детали од животот на кралското семејство. Според „Њузвик“, во него се прецизирани деталите за скандалот што го потресе Лондон во 2012 година.

Сè уште се зборува за коментарот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за објавувањето на топлес фотографијата на Кејт Мидлтон во 2012 година.

Фото: Профимедиа

Тоа било некаде на почетокот на нивниот брак кога принцот Вилијам и Кејт Мидлтон заминале на одмор во Франција. Во таа прилика Кејт се соблекла топлес и влегла во базенот, не ни помислувајќи дека папараците се тука, „зад грмушките“. Следниот ден градите на принцезата „осамнаа“ низ цела Франција. Тоа бил огромен неуспех на ПР-тимот на тогашната војвотка, денешната принцеза од Велс.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, тогаш на својот Твитер напиша:

„Кејт Мидлтон е одлична – но не требаше да се сонча гола – значи самата си е виновна“.

Трамп додал дека многумина би ја искористиле можноста да се збогатат на нејзините фотографии – кога таа веќе се соблекла.

Фото: Профимедиа

Сето тоа, открива книгата, завршило со жестока кавга помеѓу Чарлс и Вилијам, во која учество земал и Хари.

Кралскиот биограф вели дека тие зборови предизвикале буица од пцости од тогашниот принц Чарлс и принцот Вилијам кои не можеле да му простат на Доналд Трамп за овие зборови.

Трамп еднаш го нарече принцот Чарлс „принц на китовите“ (Prince of Whales), наместо принц од Велс (Prince of Wales). Тоа било доволно за принцот Чарлс да го замрази Трамп, тврдат биографите.

Кралскиот биограф Андерсон во својата нова книга тврди дека некои членови на кралското семејство не биле воодушевени од посетата на Доналд Трамп на Велика Британија во 2017 година.

Фото; Профимедиа

Инаку, во 2017 година, Кејт и Вилијам добија отштета од 120.000 долари за објавувањето на споменатите фотографии“, изјавил тогаш Вилијам.

Ред на наследување на британскиот престол по Кралот Чарлс

ФОТО | Почит или лицемерие: Меган Маркл длабоко се поклони пред ковчегот на кралицата

ФОТО | Кејт и Меган искажаа почит кон кралицата со внимателно избрани модни детали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот