ФОТО+ВИДЕО | Никол Кидман доби награда за животно дело, на церемонијата блесна во златен фустан

Никол Кидман со сопругот Кејт Урбан / Фото: Xavier Collin / Avalon / Profimedia

На Никол Кидман (56) викендов Американскиот филмски институт (АФИ) ѝ врачи награда за животно дело.

Таа влезе во историјата како првата австралиска актерка што го доби, според многумина, најголемото признание во американската кинематографија.

Актерката, која е добитничка и на Оскар, на доделувањето на наградите што се одржа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, дојде со сопругот Кит Урбан и со своите ќерки, кои првпат ги покажа во јавноста. За таа прилика облече златен фустан од „Баленсијага“ и спремно им позираше на фотографите.

Никол Кидман со сопругот и ќерките Фото: Billy Bennight / ADMedia / Profimedia

Кидман во пресрет на доделувањето на наградата, се присети на 1983 година, кога ја започнала својата актерска кариера со улога во филмот „Bush Christmas“.

„Тоа 14-годишно девојче никогаш не можеше да ги предвиди талентираните луѓе со кои ќе работи и многуте различни ликови што ќе ги игра“, напиша таа на Инстаграм.

 

Никол Кидман стана позната во 1989 година кога го сними филмот „Денови на грмотевицата“ (Days of Thunder) со Том Круз, со кој подоцна и се омажи, а се прослави со улогата на Сузана Стоун Морето во филмот „Да се умре за“ (To Die For) во 1995 година. Никол пет пати беше номинирана за Оскар, а улогата на англиската писателка Вирџинија Вулф во филмот „Часови“ (The Hours) ѝ донесе Оскар за најдобра актерка. 

Никол Кидман со сопругот Кејт Урбан / Фото: Xavier Collin / Avalon / Profimedia

Кидман е една од најдобрите и најангажираните актерки во светот.

Инаку, наградата за животно дело на Американскиот филмски институт е основана во 1973 година и се доделува на поединци за нивниот животен придонес во „збогатувањето на американската култура преку филмот и телевизијата“.

Никол Кидман / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот