ФОТО | Убавиците го покорија црвениот тепих во Кан, една дама го украде шоуто

Џејн Фонда / Хајди Клум / Роме Стријд / Фото: Профимедиа

Златната палма е синоним за квалитет, а покрај парадата на одлични филмови, секоја година имаме можност да уживаме во врвната елеганција и отменост на славните убавици на црвениот тепих.

Како и секогаш, на црвениот тепих на еден од најпрестижните фестивали, се нижат гала тоалети и смокинзи. На годинешниот црвен тепих посебно внимание привлече манекенката Хајди Клум, која се појави во долг црвен фустан, како и француската актерка Леа Сејду.

Леа Сејду / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia
Хајди Клум / Фото: Niviere David/ABACAPRESS.COM/Shu / Shutterstock Editorial / Profimedia

Продефилираа и ангелите на „Викторијас сикрет“ Роми Стријд и Тејлор Хил.

Тејлор Хил / Фото: Doug Peters / PA Images / Profimedia
Роме Стријд / Фото: SGP / ddp USA / Profimedia

Француската актерска легенда Жилиет Бинош, која синоќа ѝ ја врачи почесната Златна палма на Мерил Стрип, блесна во црвената свечена тоалета.

Жилиет Бинош / Фото: SGP / ddp USA / Profimedia

Меѓутоа, холивудската дива Џејн Фонда (86) ги воодушеви сите кога се појави на отворањето на фестивалот. Нејзиниот изглед и стил засени многу помлади колешки. Легендарната Фонда покажа дека годините за неа се само занемарлива бројка, бидејќи животот го живее во потполност. Овој пат Џејн блесна во црн комбинезон што беше украсен со накит. Многумина забележаа дека избрала доза на француски шик, кој го прикажа со фризура во стилот на вистински Французинки.

Фото: Boyer David/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Започна фестивалот во Кан: Жилијет Бинош ѝ ја додели почесната Златна палма на Мерил Стрип

ФОТО | Грациозност, класа… Џејн Фонда на 86 години покажа што е отменост на црвениот тепих во Кан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот