Навивачите на ПСЖ со јасна порака до Бразилецот: Нејмар треба да се пресели на клупа

Нејмар посакува со бразилската репрезентација да ја освои титулата на СП 2022/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Неочекуваниот пораз од Рен во последното коло во Лига 1, како и слабите игри на ѕвездите на ПСЖ отворија жестоки дебати во Франција во кои се вклучија и навивачите на „светците“.

ПСЖ сезонава има фантастично трио во нападот во Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но одигра катастрофално лошо на гостувањето кај Рен.

„Светците“ загубија со 2:0, во медиумите и навивачите се гневни бидејќи скапоплатените ѕвезди не упатија ниту еден шут во рамките на голот на Рен.

Критики доаѓаат од сите страни, а прв на удар е Бразилецот Нејмар, кој е далеку од посакуваната форма.
Нејмар веќе подолго време е на удар на навивачите и на француските медиуми веќе подолго време бидејќи не само што не ги прикажува игрите кои се очекуваат од него, туку игра се полошо и полошо.

Бразилецот кој е платен рекордни 222 милиони евра, донесен е во ПСЖ за да биде човек на одлука во најважните натпревари, но од тоа нема ништо, веќе со години промашува премногу шанси и тоа посебно во Лигата на шампионите.

Ретко постигнува голови во нокаут фазата во ЛШ, а не е добар реализатор и во Лига 1. Откако пристигна во ПСЖ во 2017 година, досега ниту еднаш не постигна повеќе од 20 голови во францускиот шампионат.

Оваа сезона одигра пет натпревари во Лига 1 и постигна само еден гол, а на двата натпревари во ЛШ се уште не се запиша во листата на стрелци.

Поради тоа и навивачите и медиумите бараат од тренерот Маурисио Покетино да го стави на клупата за резервни играчи и шанса да му даде на МауроИ Икарди.
Влијателниот „Лекип“ направи анкета со прашање: Дали Нејмар заслужи да биде стартер во ПСЖ?
Во анкетата учествуваа 27.000 читатели од кои најголем дел се навивачи на ПСЖ и дури 67 проценти од нив одгорија дека Нејмар треба да биде седнат на клупата, а само 28 проценти сметаат дека Бразилецот треба да игра во првиот тим.

Видео на денот