Навални почина од тромбоза, тврди шефот на украинската разузнавачка служба

Цвеќиња за Навални се оставаат и во Амстердам/Фото: ANP / ddp USA / Profimedia

Кирил Буданов, шефот на украинската разузнавачка служба денеска изјави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт, поточно од згрутчување на крвта, пренесува „Украинска правда“.

„Можеби ќе ве разочарам, но знаеме дека починал од згрутчување на крвта . Тоа е горе-долу потврдено. Ова не е преземено од Интернет, но, за жал, тоа е природна смрт“, рече Буданов.

Тој исто така изјави дека стабилниот режим во Русија претставува закана за Украина и за светот и дека Украина ќе продолжи да спроведува операции на руска територија.

„Се додека сме во војна , ќе има проблеми во Руската Федерација“, додаде Буданов.

Покрај тоа, тој најави нови напади врз руските воени бази на привремено окупираниот Крим.

„Нови изненадувања ги очекуваат нашите непријатели и не би им препорачал на цивилното население користење на таканаречениот Кримски мост “, напиша Буданов на Телеграм.

Почина Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозиционер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот