Научно истражување: Како влијаат паметните телефони врз начинот на кој одиме

Фото: Пекселс/ W O L F Λ R T/ Alan Garzón

Денешниот живот е тешко да се замисли без паметен телефон, а многу луѓе го користат за време на секојдневните движења. Новото истражување на научниците од Универзитетот за применети науки FH-Campus во Виена открива каков ефект има употребата на паметен телефон за време на движењето врз телото, одењето и зглобовите.

Во соопштението се наведува дека научниците го споредиле нормалното и непроменето одење со одење додека користите паметен телефон.

Студијата објавена од реномираниот магазин „Хелион“ е спроведена во една од најмодерните интерактивни лаборатории за анализа на одењето и секојдневното човечко движење во реално време, пишува „Н1“.

Субјектите оделе по специјална лента пред екранот на која било проектирано виртуелното опкружување. Паралелно, испитаниците решавале математички задачи, еднаш во главата, еднаш со помош на паметен телефон.

Резултатите од студијата покажуваат дека телото се префрла на одреден безбедносен режим при користење на паметен телефон. Брзината на чекорот се намалува, а во исто време се зголемува ширината на чекорите.

Иако овие побавни и пошироки чекори го намалуваат ризикот од паѓање, тие исто така ставаат поголем притисок на надворешната страна на зглобот на коленото.

На долг рок, ова може да доведе до трајно оштетување: ‘рскавицата и менискусот може да изгубат отпор со текот на годините, што во најлош случај може да предизвика остеоартритис, предвидуваат истражувачите.

Ова знаење им овозможува на експертите од областа на физиотерапијата, спортот, исхраната и технологијата да развијат апликации и паметни системи и да спроведат основни истражувања со цел да ги имплементираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот