Научник намерно се заразил со корона по вторпат: Ги проучил антителата, а заклучокот не е многу оптимистичен

Во име на науката, Чепурнов станал „лабораториски глушец“ па намерно се изложил пред пациент заразен со коронавирусот, не носејќи никаква заштита…

Професорот кој во експериментот се заразил со коронавирусот, со цел вторпат да се разболи од оваа зараза, вели дека надежите за создавањето на колективен имунитет се „пренапумпани“.

Докторот Александар Чепурнов (69) првпат се разболел во февруари, кога се заразил со Ковид-19 на скиање во Франција.

По закрепнувањето во домот во Сибир, без потреба за хоспитализација, тој и неговиот тим од Институтот за клиничка и експериментална медицина во Новосибирск започнале студија за антителата на коронавирусот.

Тие го проучувале „начинот на кој антителата се однесувале, колку биле силни и колку долго опстојувале во телото“ и откриле дека нивниот број брзо се намалува.

Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

– До крајот на третиот месец од моментот кога почувствував симптоми, антителата повеќе не постоеа, изјави тој, пренесува Дејли Мејл.

Тогаш тој одлучил да ја проучи можноста за повторна инфекција.

Во име на науката, Чепурнов станал „лабораториски глушец“ па намерно се изложил пред пациент со коронавирус без никаква заштита.

– Одбраната на моето тело падна точно шест месеци по мојата прва инфекција. Првиот знак беше воспаление на грлото, изјави тој.

Втората инфекција била значително посериозна и морал да биде хоспитализиран.

– Пет дена температурата ми беше повисока од 39 степени. Го изгубив чувството за мирис, а ми се промени и чувството за вкус. Шестиот ден, снимката покажа дека белите дробови ми се чисти, но три дена подоцна, скенерот покажа дека имам воспаление на двете белодробни крила. Вирусот замина брзо. По две недели не беше детектиран во земените примероци, наведе тој.

Неговиот заклучок, базиран на личносто искуство, е дека колективниот имунитет засега е „бесмислена надеж“.

Тој вели дека „вирусот е тука за да опстане“ и иако вакцините се тие кои би дале имунитет, тоа најверојатно ќе биде привремено.

– Ни треба вакцина која би можеле да ја користиме неколку пати, наведе тој.

Професорот инаку претходно работел во државниот истражувачки институт „Вектор“ кој сега е познат по создавањето на втората руска вакцина против опасната зараза која владее во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот