Научниците открија дека антителата нагло исчезнуваат откако ќе се прележи коронавирусот

Нивото на антитела кај пациентите кои го прележале КОВИД-19 значително опаѓа два до три месеци по заразата и кај симптоматските и кај асимптоматските пациенти, покажува новата кинеска студија, што ги поттикнува прашањата за било каков имунитет на новиот коронавирус.

Истражувањето објавено во магазинот „Nature Medicine“ на 18 јуни укажува на ризиците од употребата на „имунитетските пасоши“ за коронавирусот и го поттикнува продолжувањето на јавно-здравствените мерки како социјалното дистанцирање и изолацијата на високоризични групи, изјавија истражувачите.

Здравствените власти на некои земји, како Германија, расправаат за етичноста и механизмите за одобрување на луѓетето кои имаат антитела послободно да се движат од оние кои ги немаат.

Нагло опаѓање на антителата

Истражувањето кое опфати 37 пациенти кои имале симптоми и 37 асимптоматични лица утврдило дека кај оние кои развиле igG антитела, еден од главните видови на антитела по инфекцијата, кај повеќе од 90 случаи дошло до нагло намалување во два до три месеци.

Притоа е воочено дека концентрацијата на IgG антителата и во акутната фаза на болеста и во фазата на раното закрепнување кај асимптоматските болни лица била значително помала отколку кај оние кои имале симптоми.

Антителата паднале под прагот на откривање кај 40 проценти од асимптоматските и кај 13 проценти од симптоматските болни лица.

Студијата ја спровеле истражувачи од Медицинскиот универзитет Чонгкинг, филијалата на кинескиот Центар за надзор и превенција од болести и други институции.

Џин Донг Јанг, професорот по вирологија на Универзитетот во Хонгконг, кој не учествувал во истражувањето, изјавил дека студијата не ја негира можноста дека заштитата можат да ја пружат други делови од имунолошкиот систем.

Некои клетки паметат како да се справат со вирусот откако прв пат ќе се инфицираат и можат да создадат ефективна заштита ако дојде до нов круг на зараза. Научниците се уште истражуваат дали функционира тој механизам и кај новиот вид на коронавирусот.

Дури и мали нивоа на моќните одбранбени клетки „Т“ и „Б“ можат да обезбедат заштита, истакнуваат експертите за „The New York Times“, па заклучокот на студијата не значи дека тие лица ќе се заразат по вторпат.

„Заклучокот од ова истражување не значи дека небото се срушило“, изјави Јин забележувајќи дека и бројот на пациенти опфатени во студијата е мал.

Истражувањата во случаите со САРС и МЕРС покажаа дека антителата на тие видови на коронавируси траат и до една година.

Ова е прво истражување кое покажа дека антителата на коронавирусот кој го предизвикува КОВИД-19 се развиваат и кај асимптоматските личности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот