Научниците објаснија зошто мораме да носиме маски и направија нивно рангирање од најлоши до најдобри (ФОТО+ВИДЕО)

Profimedia
Фото: Профимедиа

Тим од научници од американскиот Универзитет Дјук пронајде едноставен и евтин начин врз чија основа може да се установи ефикасноста на заштитните маски во заштитата од коронавирусот.

Истражувачите дојдоа до заклучок дека обичните марами кои се носат околу вратот и навлаките за врат со кои се прекриваат устата и носот можат да бидат и полоши од неносењето на маска, пишува „Washington Post“.

Од друга страна, тие заклучија дека обичните памучни маски можат да бидат ефикасни како и хируршките маски, а како солидни се покажале и маските од синтетика. N95 маските со филтер исто така се доста безбедни за оние кои ги носат.

Фото: Duke University

„Може да се воочи дека носењето на маска секако не е без значение. Некои ќе кажат: Маските воопшто не помагаат! Некои можеби и не помагаат, но повеќето помагаат во заштитата од ширењето на вирусот“, вели професорот Ворен Ворен, коавтор на студијата.

Апаратурата употребена за тестот на маските е многу едноставна и евтина, направена е од обични лабараториски материјали кои можат едноставно да се купат и на интернет. За нејзината изработка се употребени кутија, ласер, леќа и камера од паметен телефон.

За време на тестот, луѓето во кутијата ги изговарале истите реченици без маска, а потоа и со повеќе различни маски преку лицето. Камерата од паметниот телефон го мерела количеството на светло од ласерот, кое всушност било затемнето кога честичките плунка се ширеле во внатрешноста на кутијата, пренесува „Futurism“.

„Кога секој би носел маска, би можеле да го запреме ширењето за 99 проценти на сите капки, пред тие да стигнат до некој друг. Тоа, во недостаток на вакцина и лек против вирусот, е докажан начин да се заштитиме себе си и другите“, истакна Ерик Вестман, коавтор на студијата.

Научниците истакнуваат дека станувало збор „само за демонстрација“ и дека е потребно се уште да се работи на истражувањето на различните видови на маски, како и на истражувањето на различните луѓе кои ги носат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот