Научниците објаснија: Зошто некои не се заразуваат со коронавирус иако целото семејство е заразено?

Коронавирус/ Фото: ЕПА

Новата студија покажала дека некои луѓе брзо го чистат вирусот од својот организам поради моќниот имунолошки одговор на Т-клетките, што значи дека нивните тестови бележат негативен резултат.

Објаснувањето зошто некои луѓе на тестовите покажуваат негативен ковид-резултат, без оглед на тоа што биле изложени на вирусот, може да лежи во „имуното помнење“, порачуваат научниците.

Новата студија покажала дека некои поединци брзо го „чистат“ вирусот од организмот поради моќниот имунолошки одговор на постоечките Т-клетки, што значи дека нивните тестови бележат негативен резултат.

Сите ги знаеме тие лица кои, без оглед на тоа што сите членови од нивното семејство се заразени со ковид-19, никогаш не биле позитивни на коронавирусот, а сега научниците пронајдоа објаснување кое покажува дека еден дел од тие луѓе доживеале „абортивна инфекција“ во која вирусот влегува во телото, но Т-клетките од имунолошкиот систем го чистат во најраната фаза, што значи дека ПЦР и тестовите на антитела бележат негативен резултат, пишува британски „Гардијан“.

Околу 15 отсто од здравствените работници кои биле следени во текот на првиот бран на пандемијата во Лондон изгледа дека ја потврдуваат оваа хипотеза, а откритието може да отвори пат за новата генерација на вакцини насочени на одговорот на Т-клетките, што би можеле да произведат многу долготраен имунитет, изјавиле научниците.

„Секој има анегдотски докази за луѓето кои биле изложени, но не ѝ подлегнале на инфекцијата. Тоа што не го знаевме е дали поединците навистина успеале во целост да ја избегнат инфекцијата или природно го исчистиле вирусот пред да се открие со рутинските тестови“, наведува Лео Свадлинг, имунолог од Универзитетот во Лондон и главен автор на студијата.

Најновата студија го следела имунолошкиот одговор на здравствените работници на знаците на инфекцијата во текот на првиот бран на пандемијата, 58 отсто од учесниците не биле позитивни на тестот на ковид-19 без оглед на ризикот од изложеноста.

Меѓутоа, примероците од крвта земени од луѓето покажале дека имаат зголемени Т-клетки кои реагирале против вирусот, во споредба со примероците земени пред пандемијата да го земе својот замав и во споредба со луѓето кои воопшто биле изложени на вирусот.

Студијата сугерира дека дел од нив веќе имале Т-клетки запомнети од претходни инфекции предизвикани од сезонските корона вируси кои предизвикувале обична настинка, што ги заштитило од ковид-19.

– Овие постоечки Т-клетки се подготвени да го препознаат SARS-CoV-2 – рекол Свадлинг.
Научниците наведуваат дека ова откритие е особено значајно, бидејќи Т-клеточниот крак на имунолошкиот одговор има тенденција да пружи долготраен имунитет, обично со години, а не со месеци, во споредба со антителата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот