Научниците конечно ја пронајдоа причината што предизвикува главоболки и мигрена

мигрена главоболка
Фото Профимедиа

Тензичните главоболки и мигрените се најчестите типови на главоболки, но точната причина за овие состојби никогаш не е пронајдена. Барем досега.

Истражувачки тим во Германија ги проучувал скеновите со магнетна резонанца (МР) на 50 пациенти за да ја анализира поврзаноста помеѓу зачестеноста на главоболките, болките во вратот и мускулите на лицето.

Што предизвикува мигрена?

Тие особено се фокусирале на трапезоидните мускули, пар големи триаголни ткива кои се протегаат преку задниот дел на вратот и рамената и водат до главата и лопатките, пишува „Њујорк пост“.

Истражувачите откриле дека оние кои страдаат и од главоболки од тензичен тип и од мигрени покажуваат поголемо напрегнување на тие мускули на вратот.

Со други зборови, главоболките се буквално последица на болка во вратот.

Скенирањата со магнетна резонанца (МР) што ги снимиле истражувачите покажале дека учесниците во студијата, во деновите кога страдале од болки во главата и вратот, исто така, покажале повисоко ниво на непријатност во пределот на вратот, што покажало дека тие мускули биле воспалени.

Ова ги навело експертите да заклучат дека воспалението во вратот – кое може да се развие поради неколку причини, вклучувајќи лошо држење на телото, недостиг на сон, повреда и стрес – може да биде поврзано со тензични главоболки и мигрени.

„Нашите откритија ја поддржуваат улогата на мускулите на вратот во патофизиологијата на примарните главоболки“, рекол д-р Нико Солман во изјавата, додавајќи дека третманите насочени кон мускулите на вратот може да доведат до истовремено ублажување на болките во вратот, како и на главоболките.

Лекување на мигрена

Солман забележал дека неинвазивните опции за лекување, кои директно го таргетираат местото на болка во мускулите на вратот – како масажа или акупунктура – можат да бидат многу ефикасни и посигурни од лековите.

На луѓето кои боледуваат од мигрена им се препорачува контрола кај матични лекари и невролози, со што ќе се обезбеди навремена дијагноза и правилен лекување.

На луѓето кои страдаат од мигрена, исто така, им се препорачува да имаат доволно часови сон, да го намалат стресот, да се хранат правилно и да избегнуваат други ситуации кои можат да влијаат на појавата на мигрена.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот