Научниците ја открија причината за утринската мачнина кај трудниците

Фото: Pexels / Pavel Danilyuk

Студијата објавена во списанието „Нејчр“ (Nature) открива дека хормон кој се ослободува при создавањето на фетусот е причината за гадење и повраќање, од кои страдаат многу жени за време на бременоста.

Како што покажуваат истражувањата, седум од десет бремености се придружени со гадење и повраќање. Кај некои жени – помеѓу една и три бремености на 100 – овие симптоми може да бидат сериозни. Ова се нарекува хипермерза на бременоста и е најчеста причина за хоспитализација на жените во првите три месеци од бременоста.

Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, на пример, страдаше од тоа во сите три бремености. Според резултатите од истражувањето во кое соработувале научници од Кембриџ, Шкотска, САД и Шри Ланка, гадењето и повраќањето се резултат на хормон – протеин наречен ГДФ15.

Научниците докажаа дека сериозноста на овој проблем е поврзана со количината на протеинот ГДФ15 која ја произведува феталниот дел од плацентата која завршува во крвотокот и со чувствителноста на овој хормон.

Тие откриле дека некои жени имаат генетски поголем ризик, што е поврзано со пониски нивоа на хормони во крвта и ткивата надвор од фетусот.

Слично на тоа, жените кои имаат наследно нарушување на крвта, бета таласемија, што предизвикува природно многу високи нивоа на ГДФ15 пред бременоста, имаат малку или никакво гадење.

„Детето кое расте во утробата произведува хормон во количина на која мајката не е навикната. Колку е почувствителна на тој хормон, толку ќе биде поболно”, вели професорот Стивен О’Рахили.

Научниците се надеваат дека откритието ќе им помогне да развијат ефективни методи за лекување на проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот