Научници развија „фластер-вакцина“ – бележат подобри резултати од класичните вакцини

Научниците развија „фластер-вакцини“/ Фото Screenshot The University of North Carolina at Chapel Hill

Научниците развија „фластер-вакцина“ со микро-игли која ветува многу поголем имунолошки одговор од традиционалните вакцини, а сето тоа без потенцијална болка и вознемиреност поврзани со вакцините и иглите.  

Иако фластерите на ваквите микро-игли се развиваат со години, се покажа дека е тешко во голем обем да се произведат успешно. Покрај тоа, адаптирањето на истата лепенка за различни видови вакцини може да биде предизвик. Новото истражување ги надминува овие проблеми со напредна техника на 3Д печатење наречена „CLIP“, со користење на ултравиолетова светлина и специјална смола за да се создаде лепенка. 

„Нашиот пристап ни овозможува директно печатење микро-игли со 3D, што ни дава голема широчина кога станува збор за дизајнирање на најдобрите микро-игли во однос на перформансите и цената“, вели микробиологот Шаомин Тиан од Универзитетот во Северна Каролина. 

Лесноста и брзината со која може да се развијат фластерите може да ги доведе во многу поширока употреба, велат истражувачите. Покрај целосно избегнување на конвенционалната вакцина, друга предност на овие фластери е тоа што може да се администрираат без посета на лекар.  

Причината за ова е што кратките игли мора да навлезат само под површинскиот слој на кожата, а не до целосно како традиционалните вакцини.  

Лековите се доставуваат директно во близина на имунолошките клетки на кожата, што е совршено за вакцините. Со поефикасен систем за испорака, можно е соодветно да се намалат дозите.  

Во првичните лабораториските тестови извршени над глувци, истражувачите откриле дека нивната лепенка генерира одговор на Т-клетки и специфични за антиген антитела, околу 50 пати поголема од традиционалната поткожна вакцина дадена под површината на кожата.  

„Користејќи модели на компоненти за вакцина, покажавме дека испораката на микро -игли со 3D печатење резултираше со зголемена задршка на кожата, активирање на имунолошките клетки и подобри клеточни имунолошки одговори во споредба со традиционалните патишта за вакцинација“, објаснуваат истражувачите во својот труд.  

Тимот вели дека нивниот дизајн и пристап може да се прилагодат да вклучуваат вакцини против грип, мали сипаници, хепатитис, па дури и ковид-19.  

Нема потреба од посебен начин на ракување и складирање во однос на транспортот, што може да помогне да се зголеми стапката на вакцинација.  

Неодамнешните подобрувања овозможија да се комбинираат неколку лекови на ист фластер. Иако овие закрпи се уште не се тестирани на луѓе, сепак е планирано, тие би можеле да овозможат побрзи и поефикасни реакции на вакцините на епидемии и пандемии во иднина, пренесува Science alert. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот