Натпреварот Македонија-Косово пред ново одложување!?

фото: фФМ

Од Фудбалската федерација на Македонија најавија дека пресметката во Скопје ќе се игра на 4 јуни, барем според проценката после претходната видеоконференција.

Првите луѓе на европскиот фудбал закажаа нов состанок в среда (1 април) со претставниците на сите свои 55 членки, а се очекува да бидат донесени нови одлуки за натпреварувачката сезона 2019/20.

Поради епидемијата на коронавирусот, фудбалот е прекинат во скоро цела Европа. Претходно од „Тајмс“ беше најавено дека е одлучено сезоната да продолжи и заврши во текот на месец август, до кога се очекува да се намали евентуално опасноста од ширењето на коронавирусот.

– УЕФА ги повика генералните секретари на своите 55 членки на видеоконференција в среда (1 април) напладне со цел да се разговара за тоа што би направиле двете работни групи, формирани пред две недели со задача да се разгледаат сите опции за одржување на одложените натпревари – се вели во соопштението на УЕФА.

Воедно, се додава дека на состанокот ќе се зборува за натпреварите на репрезентациите, а секако за нас најважна е полуфиналната средба од Лигата на нации против Косово за пласман на наредното ЕП.

После претходната видеоконференција, од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), после направена проценка, најави дека на 4 јуни во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се игра тој историски меч.

За 48 часа ќе се дознаеме дали останува тој датум или ќе има ново одложување.

Исто така ќе се води расправа и за националните првенства договорите на играчите, кои истекуваат на 30 јуни сезонава, за летниот преоден рок…

Потсетување дека се одложени финалните мечеви во ЛШ и Лига Европа, како и Европското првенство за наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот