Натпреварот Македонија – Косово и дефинитивно без гледачи

Фото: ФФМ

Бараж натпреварот од Лигата на Нациите помеѓу Македонија и Косово кој треба да се игра на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“, да се игра без присуство на гледачи, одлучи Владата на денешната седница.

– Владата на Р. Македонија донесе одлука да се забрани на сите спортски натпревари во наредните 30 дена да нема гледачи – изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференцијата по седницата на Владата.

Со оваа одлука, Владата стави крај на шпекулациите околу клучниот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово во еден од најважните натпревари во историјата, натпревар кој може да ги донесе „рисовите“ на само едно скалило од настап на Европско првенство.

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) претходно најавија дека ќе ги почитуваат одлуките на на Владата иако сите билети за натпреварот против Косово беа распродадени за рекордни три дена. Од ФФМ најавија дека ќе им бидат вратени парите на сите лица кои купиле влезници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот