Настрада уште едно дете – возач го прегазил со автомобил во Визбегово
Во веројатно петнаесеттиот случај на прегазен пешак од почетокот на годинава, тешко е повредено дете во кое попладнево удрил возач со автомобил во Визбегово, на периферијата на Скопје.
Препорачано
Како што соопшти МВР, 44-годишниот возач удрил во детето, чијашто возраст не се открива, на крстосницата меѓу „Словенечка“ и „Качанички пат“.
„Денеска (30.01.2026) во 17:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул.”Словенија” со ул.”Ј.Магистрала” се настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “опел” со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.Ч.(44) од Скопје и пешак малолетник од Скопје. Малолетникот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на Детска хирургија. Се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода и за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
Ова се случува само ден откако во Гостивар беше прегазено 13-годишно девојче.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
51мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


