Наставничката на Аниса од Студеничани: Една клупа во нашата училница ќе остане празна засекогаш

аниса
Во кобната несреќа починаа и наставничката по македонски јазик од ОУ „Наим Фрашери“-Студеничани, Фекрије Исени и нејзината ќерка Аниса, ученичка во деветто одделение во истото училиште

Во кобната трагедија која вчера се случи на автопатот Струма во Бугарија, а во која 45 лица од Македонија го загубија животот, од кои 12 деца, починаа и наставничката по македонски јазик од ОУ „Наим Фрашери“-Студеничани, Фекрије Исени и нејзината ќерка Аниса, ученичка во деветто одделение во истото училиште.

„Слободен печат“ поразговара со една од наставничките на Аниса. Таа ја опиша Аниса како добра и примерна ученичка, а низ солзи зборуваше и за нејзината колешка Фикрије.

– Пред да замине за Турција, Аниса ми рече: „Ќе одам во Турција, почекајте да дојдам“. Имавме роденден за славење. Ја чекавме, пријателите ја чекаа, но таа не дојде. Дојде црната вест дека повеќе нема да биде меѓу нас. Мојата колешка, сега починатата, Фикрије често ми велеше: „Аниса ќе личи на тебе, ќе стане како тебе, ќе се облекува како тебе, ќе стане учителка…“. Нејзините соученици ме пречека со наведната глава, слушнаа за веста, и за Аниса, но чекаа јас да им кажам. Една клупа во нашата училница ќе остане празна засекогаш, но ние ќе ја чуваме Аниса во нашите срца насмеана, како што беше, вели за „Слободен печат“, наставничката на Аниса, Мимоза Мустафаи која во ова училиште предава албански јазик и литература.

Вработените во општина Студеничани го загубија и колегата вработен во подрачната служба на Министерството за правда, Хамди Исени заедно со неговата сопруга.

Хамди Исени,
Хамди Исени, матичарот од О. Студеничани кој загина во кобната несреќа

– Немаме зборови да ја изразиме нашата тага. Меѓу загинатите е и нашиот колега, матачиарот на општината. Имаме и наставникчка од училиштето „Наим Фрашери“ од Студеничани, кој исто така почина со малолетно дете. Има и мртви од Долно Количани. Ова е голема загуба за сите нас, за целата држава и за граѓаните на општина Студеничани. Нема зборови со кои може да се изрази оваа голема болка. Ова е црн ден за цела држава, особено за нашата општина, изјави за „Слободен печат“, Азем Садики, градоначалник на општина Студеничани.

Од општина Студеничани официјално има 17 загинати и четворица повредени во сообраќајката. Според нашите информации, еден од повредените е во тешка состојба, додека другите тројца се во добра.

ВИДЕО | Тага и болка во Студеничани: Меѓу жртвите најмалку 20 се од оваа општина, загинаа наставничка, матичар…

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот