ВИДЕО | Тага и болка во Студеничани: Меѓу жртвите најмалку 20 се од оваа општина, загинаа наставничка, матичар…

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во Општина Студеничани неизмерна тага и болка по нивните сограѓани кои загинаа во страотната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија. Меѓу 46-те жртви во пожарот кој го зафати автобусот, најмалку 20, а можеби и повеќе се од територијата на оваа општина. Екипата на „Слободен печат“ го посети местото и разговараше со секретарот на општина Студеничани Бурханедин Нухиу.

-Според неофицијални информации непотврдени од релевантни извори над 20 и повеќе лица од загинатите се од територијата на општина Студеничани. Жалосно, немаме зборови да ја опишеме оваа трагедија, без разлика што дел од жртвите се од Студеничани, вели Нухиу.

Тој потврди дека меѓу загинатите е учителка од Основното училиште Наим Фрашери заедно со својата малолетна ќерка, а Општината во несреќата го загуби и матичарот, вработен во Управата за водење матични книги при Подрачната единица на Министерството за правда, кој на екскурзија во Истанбул патувал со својата сопруга.

-Дел од роднините на загинатите се упатија кон местото на несреќата во Бугарија, додека другите се пред просториите на агенцијата. Очекуваме информации од надлежните за целиот случај, изјави Нухиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот