Фото: Профи

Наставничка од Кавадарци фотографирала разговори на колешка на интернет и ја кодошела кај директорката

Директорката М.Т. ѝ се заканила на наставничката дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испрати до други колеги.

Наставничка од Кавадарци и директорката на училиштето на суд ќе докажуваат дека се невини бидејќи полицијата поднесе кривични пријави за двете.

Полицијата ги обвинува наставничката со иницијали В.Т.(47) и нејзината директорка М.Т.(52) за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” и „злоупотреба на лични податоци”.

„В.Т., вработена како наставничка во училиште во Кавадарци, прво на 04 септември во една од училниците, на службен лаптоп го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и ги фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на директорката М.Т.. Потоа успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05 и на 07 септември повторно неовластено фотографирала лични пораки на колешката и ги пренела на директорката. Во меѓувреме директорката ги препраќала пораките и на други колеги“, информира МВР.

На 19 септември на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената наставничка укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, директорката М.Т. ѝ се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испрати до други колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот