Фото: илустрација / Слободен печат / Методи Здравев

Насилници нападнале млад човек во Аеродром, му скокнале тројца со тврди предмети и нож

26-годишен жител на скопското село Студеничани вчера пријавил дека во општината Аеродром бил нападнат од тројца луѓе, кои имале тврди предмети и остар предмет, ссоопшти полицијата.

„На 10.03.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, С.Е.(26) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 09.03.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од три лица, кои употребиле тврди предмети и остар предмет, при што му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Насилник од Скопје зел двајца помошници за да ја тепа бившата девојка во Велес, со електрошок му се нафрлиле на нејзиното ново момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот