Наши миленици: Мазулка

Мазулка е изгубена принцеза. Најдена е во момент кога тргнала да преминува преку булевар, како двомесечно бебе. Преживеа и напад од глутница диви кучиња, а и панлеукопенија, најстрашниот вирус за мали невакцинирани мачиња. Па така, уште како бебе потроши три животи. Веќе една година ни е седатив дома. Пребира храна, сака нови вкусови, не одбива маслинки, путер, печена тиква и шлаг. По секое одење во тоалет, мора да се исчисти песокот, зашто таа не влегува повторно ако не е чисто. Вистинска принцеза. Досега не се дружела со други мачки, а освен Арон, кој го почитуваше, други кучиња не сака да ѝ се мешаат на нејзина територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот