Фото: Град Скопје

Напредува изградбата на пречистителната станица во Скопје

Град Скопје кој започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот.

Проектот го имплементира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, со силна поддршка од Европската Унија преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) за иградба на современа централна пречистителна станица за отпадни води, лоцирана помеѓу општините Гази Баба и Аеродром, опфаќа проектна површина од 184.610 м2.

Овој екотрансформативен проект вклучува изградба на 58 објекти, од кои повеќето веќе се во активна фаза на изградба, а вклучуваат пумпна станица за сирова вода со лев и десен колектор што се протега на 1050 м2, објект за прифаќање на површина од 470 м2, таложници за песок и маслофаќачи на површина од 1450 м2 и дигестори кои зафаќаат површина од 2000 м2.

Со изградбата на пречистителната станица се обезбедува примарен и секундарен третман, со користење на најсовремена технологија и опрема за биолошки третман на отпадни води. Овој проект има за цел значително да го подобри квалитетот на површинските и подземните води, со што ќе се придонесе за целокупно подобрување на состојбата на животна средина и здравјето на жителите на Скопјe.

Проектот на Пречистителната станица на Скопјe ги предводи еколошките иновации, со користење врвна технологија и опрема, со што претставува пример во тековните проекти во регионот. Овој проект е доказ за потенцијалот за соработка меѓу локалните власти и меѓународните партнери за справување со критичните еколошки предизвици, со цел подобрување на квалитетот на живот и зачувување на природните ресурси за идните генерации во Македонија, информираат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот