Данела Арсовска - Градоначалник на Скопје - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Данела Арсовска - Градоначалник на Скопје - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Напаѓачот на Данела Арсовска заработи обвинение за грубото насилство и 30 дена продолжување на притворот

Напаѓачот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, С.Љ. заработи обвинителен предлог од Обвинителството за кривично дело насилство заради тоа што пред една недела извршил грубо насилство врз неа. Воедно со обвинителниот предлог доставен е и предлог на Јавниот обвинител за продолжување на мерката притвор против обвинетиот.

Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд постапувајќи по доставениот предлог за продолжување на мерката притвор, донесе решени со кое предлогот е основан затоа што уште постои опасност тој да избега и да го повтори делото. Притворот му е продолжен за 30 дена.

Судот дополнително ќе информира кога ќе се одржи првото рочиште од судењето.

Што се однесува до обвинителен предлог, согласно истиот оформен е кривично правен предмет со К.бр. 1338/25 кој откако ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, и ќе биде насрочена главната расправа, истата ќе биде достапна преку календарот за судење на веб страната на судот, информираа од Кривичниот суд Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот