Напаѓач на Интер поради ракетниот напад останал заглавен во Иран
Напаѓачот на Интер и иранската репрезентација, Мехди Тареми, не може да ја напушти својата татковина поради воениот конфликт меѓу Иран и Израел, пренесува „Газета дело Спорт“.
Препорачано
Тареми требаше да патува од Техеран до Калифорнија, каде што го чекаа соиграчите од Интер за настап Светското клупско првенство. Сепак, патувањето пропадна откако летовите се откажани поради ескалацијата на конфликтот и ракетните напади.
Како што пишува угледниот италијански спортски дневник, 32-годишниот центарфор се појавил на аеродромот со надеж дека ќе може да замине за Америка, но бил принуден да се врати дома.
Минатата сезона Тареми постигна три гола и запиша девет асистенции за „нераѕурите“, каде што беше одлична опција од клупата за тренерот Симоне Инѕаги. За иранската репрезентација досега има 93 настапи и 53 постигнати голови.
ВИДЕО: Иран утрово започна нов напад со ракети, сирените повторно ечат низ Израел
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
44мин
-
53мин
-
55мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


