Напад со нож во Бордо, една жртва, полицијата го уби напаѓачот

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Маж вооружен со нож смртно избодел едно лице и ранил уште најмалку едно во напад во францускиот град Бордо, јави ТВ БФМ, повикувајќи се на полициски извори.

ТВ БФМ јави дека напаѓачот бил убиен од полицијата. Според првите проценки, полицијата не смета дека нападот е поврзан со тероризам, објави ТВ каналот.

Обвинителите во Бордо не одговорија на барањето за коментар.

На помалку од четири месеци пред Олимпијадата, Франција е на највисоко ниво на безбедносна тревога. Фудбалскиот натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Барселона во средата вечер во француската престолнина се игра под засилено обезбедување по заканата од терористичката група Исламска држава.

Засилени безбедносни мерки во Мадрид и Париз поради заканите од ИСИЛ, уапсени се 5 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот