Наместо романтично запросување – дебакл: Видеото е апсолутен хит и ќе ве насмее до солзи!
Вљубен пар скриен зад корисничкото име „twobeams1light“ на Тикток објави каква „незгода“ го снашла пред некој ден во клучен момент.
Препорачано
Штом младиот господин клекнал пред својата сакана девојка и го извадил прстенот, еден постар брачен пар влегол во кадарот и целосно го прикрил свечениот чин.
@twobeams1light Our dream Santorini proposal accidentally turned into a Snickers ad 🍫💍 @snickers #snickers call us You couldn’t script something this unexpectedly hilarious. Let us know what you think in the comments 🤣 #snickersad #dreamproposal #santoriniproposal #santorini #coupleshumor #couples #fyp
Видеото стана вирален хит на Тикток со повеќе од 13 милиони прегледи, што ја натера двојката да се пошегува и да напише како запросувањето ненамерно се претворило во совршена реклама за Сникерс.
Веројатно наскоро ќе дознаеме кој е несреќниот пар, бидејќи биле контактирани од неколку новински агенции, а интересно е да се додаде и приказната што ја објави KitKat во коментарите, чии администратори во име на компанијата со седиште во Јорк изјавија „дека постои време и место за пауза, но дека тоа било на секое друго место освен на таа локација“.
Патем, младиот човек ѝ предложил брак на својата сакана девојка на Санторини, а многумина во коментарите го повикаа Сникерс да ја спонзорира свадбата на парот.


