Наместо крв имал ракија- најпијаниот Македонец е од Кочани- возел со 5,31 промили

Фото: Профимедиа

Во ЕУ генерално се толерира од 0,2 до 0,5 промили алкохол, зависно од држава до држава, но има и такви- пример Чешка, Унгарија и Словачка каде нема толеранција за алкохол кога се вози

Кочанчанец го држи рекордот во Македонија по количина на алкохол во крвта која е откриена од страна на сообраќајната полиција. Тој го возел своето возило со цели 5,31 промили, иако нашиот закон дозволува 0,5. Кочанчанецот и покрај тоа што имал десет пати повеќе алкохол во крвта го возел својот автомобил. За разлика од кај нас, во ЕУ количината која е дозволена е различна. Во некои држави не се толерира алкохол, а во други максималната дозволена количина е до 0,5 промили.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ ја потврдија информацијата дека најпијаниот возач бил од Кочани. Од таму велат дека согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата полицискиот службеник на самото место привремено ќе го исклучи од сообраќај и ќе му ја одземе возачката дозвола на возачот, кај кого ќе утврди дека во организмот има алкохол или дека покажува знаци на алкохолно растројство, како и кон возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

-Ако постои основано сомнение дека возачот ќе продолжи со вршење на прекршокот, полицискиот службеник може возачот да го задржи во полициска станица до отрезнување најдолго до 12 часа. Најмногу прекршоци под дејство на алкохол се констатирани на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Скопје и Битола- врлсст во МВР.

Дозволено количество алкохол во крвта за возачи/ Фото: РСБСП

Покрај утврдениот износ на предвидена глоба во зависност од присуството на алкохол во крвта, предвидена е прекршочна санкција- забрана за управување со моторно возило под услови и постапка утврдени со закон од три до 12 месеци, објаснуваат од таму.

Законски утврденото минимално ниво на содржина на алкохол за возачот во голема мера зависи од традициите на земјата и толеранцијата за алкохол во нејзината култура. Општата норма за ЕУ ​​е содржината на чист алкохол е до 0,5 промили. Ова правило е воспоставено во речиси сите европски земји.

Построгите ставови кон алкохолот и возењето главно се концентрирани во Источна Европа и Скандинавија. На пример, во Чешка, Словачка, Унгарија, Романија каде не се толерира алкохол кога возите.

Во Англија, Лихтенштајн, Луксембург и Сан Марино  се толерира до 0,8 промили дозволени за консумирање алкохол. Во Северна Америка, по правило за возачите, содржината наалкохол исто така не е поголема од 0,8 ппм.

Источните држави се карактеризираат со бескомпромисен однос кон возењето во пијана состојба. На пример, во Јапонија има нула толеранција за алкохол.

Така, пред да вози во која било странска земја, возачот дефинитивно треба да научи повеќе за неговите сообраќајни правила, бидејќи понекогаш тие можат многу да се разликуваат од земјата на живеење.

Во Русија, за возачите е поставена прилично разумна стапка на промили алкохол во крвта, а тоа е до 0,3 промили.  Во исто време, по ова прашање, Русија не излегува од светскиот тренд. Затоа, по добра забава, подобро е да користите такси уште еднаш, а не да возите.

Европскиот рекорд во пиење го држи Полјак со 13,7 промили алкохол во крв

Полицијата го нашла човекот онесвестен покрај автопат во Полска. Го однела на лекар и покрај другите испитувања му направиле и алко-тест. Сите биле фрапирани од резултатите, во неговата крв имало неверојатни 13,7 промили алкохол.

По испитувањето лекарите се изненадиле дека пијаниот Полјак е жив.Ова количина на алкохол може многу често да заврши фатално. Пијаниот не се трезнел неколку денови, а се случувало и наместо вода да пие ракија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот