Венко Филипче / Фото: скриншот

Наместо европска иднина, граѓаните добија долгови, корупција и стагнација, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“ рече дека државата нема вистински напредок и дека „наместо европска перспектива, граѓаните се соочуваат со долгови, корупција и стагнација“.

„За две милијарди е зголемен долгот само за две години. Нема прогрес во ниедно поле. Моето мислење е дека власта нема желба да се оди напред во Европа за да се продолжи со корупцијата и ништо друго“, рече Филипче.

Тој предупреди дека задолжувањето расте со сериозно темпо и дека државата се соочува со сериозни економски предизвици.

„А, гледаме со какво темпо расте задолжувањето. Нема да имаме кредитите од каде да ги враќаме. Нема прогрес во ниедно поле. Немаме систем и никој не верува веќе дека може да го воспоставиме. Поради немањето никакви суштински реформи во образованието, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ додаде дека европската интеграција е неопходна за спроведување реформи и справување со корупцијата.

„Вистински напредок на нашата држава нема да има ако Европа не се случи. Ако навистина сакаме да се интегрираме во Европа и да ја сузбиеме корупцијата којашто е присутна на секое ниво, патот е јасен. Ќе се иселуваат младите и нема да гледаат шанса тука“, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот