Намален бројот на примени пациенти на интензивна нега во Франција, за 24 часа 471 смртни случаи

На реанимација за 24 часа се најдоа 382 лица, што исто така претставува намалување во однос на вчерашните 452, во вторникот 458 и во понеделникот 475.

Во Франција во моментов на болничко лекување се 26.646 лица заболени од коронавирусот, бројот на примени на интензивна нега  малку се намали во последните 24 часа, јави дописникот на МИА.

Жером Саломон, Генералниот директор за здравство на редовната прес конференција, откако потсети дека Италија, Шпанија и Соединетите држави се трите земји со најмногу жртви,  соопшти дека од 1 март, во болниците на Франција имало 4.503 смртни случаи, или 471 повеќе во последните 24 часа.Toa претставува мало намалување на бројот на починатите, вчера имаше 509.

Ургентните служби во последното деноноќие имаа 1.395 консултации, а 39 отсто oд пациентите  биле хоспитализирани, од кои  четири отсто на интензивна нега.

На реанимација за 24 часа се најдоа 382 лица, што исто така претставува намалување во однос на вчерашните 452, во вторникот 458 и во понеделникот 475.

На болничко лекување се наоѓаат вкупно  26.646 лица, од нив 6.399 пациенти се на интензивна нега, 35 отсто од нив се под 60 години, а 90 од нив се под 30 години.

Направени се 36.155 тестови, од кои 30 отсто биле позитивни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот