Највкусниот рецепт за ручек: Сармички од тиквички запечени во рерна

Фото: Профимедиа

Пред нас е сезоната на омилениот летен зеленчук – тиквички. Од нив можеме да правиме најразлични јадења, па така да заборавиме на киселата зелка, бидејќи сега ви предлагаме фантастичен рецепт за сарми со тиквички.

Се печат само 15 минути, а ако ви е малку, послужете и печени млади компири. Во продолжение на тестот имате рецепт и за двете, па уживајте во феноменалниот вкус.

Состојки:

– 2 тиквички
– 3 сушени домати (по желба)
– 15 маслинки
– свеж босилек
– 1 чешне лук
– 30 гр презла
– 100 г рикота сирење
– 2 лажици маслиново масло
– 1 кромид
– 150 мл сос од домати
– 80 г моцарела

За прилог:

– 1 кг компири
– 2 чешниња лук
– француски зачински билки
– оригано
– мирудија

Подготовка:

Тиквичките исечете ги на многу тенки ленти. Одвојте неколку делчињата што ви се распаднале и ставете ги во блендер, а остатокот премачкајте го со масло и посолете, па оставете го настрана околу 10-15 минути. Во блендерот додадете ги сушените домати, босилекот, лукот и маслинките, па сè убаво изблендирајте за да добиете кашеста смеса. Потоа додадете ги презлата и сирењето рикота и повторно добро изблендирајте. На крај, додадете го маслиновото масло и промешајте. Кромидот исечкајте го, па пропржете и сипете го доматниот сос.  Сипете по дното на тепсијата и убаво распоредете. Земете четири ленти тиквички и наредете ги една до друга, така што малку да се преклопат, па потоа сипете лажица од смесата и свиткајте во ролнички. Се редат во тепсија и се посипуваат со рендана моцарела. Печете на 180 степени околу 15 минути.

Доколку сакате и прилог, тогаш убаво измијте ги младите компири и наредете ги во тепсија, па додадете оригано, зачински билки, сол, бибер, сечкан мирудија и мелено лукче, а потоа прелијте ги со маслиновото масло. Добро измешајте и печете на 200 степени околу 35 минути. Повремено мешајте ги компирите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот