Најубавите мисли од Карл Јунг кои ќе ве мотивираат, освестат или охрабрат

Сè што нè иритира во врска со другите, може да нè одведе до подобро разбирање на нас самите.

Прочуениот психијатар Карл Јунг, основачот на аналитичката психологија, голем дел од животот поминал и во истражување на други области, како источната и западната филозофија, алхемијата, астрологијата, социологијата, но и литературата и уметноста. Неговите најпознати идеи го вклучуваат концептот на колективното несвесно и на синхронизираното.

Карл Јунг е исто така извор на некои од нашите омилени цитати на сите времиња. Му се восхитуваме како го меша логичното размислување со зрнце духовност и потсвест. Ова е листа на најдобрите мисли од Карл Јунг кои на Вашите проблеми ќе им дадат инстант решение:

  • Секоја форма на зависност е лоша, без разлика дали тоа е алкохол, морфиум или идеализам;
  • Сè што нè иритира во врска со другите, може да нè одведе до подобро разбирање на нас самите;
  • Никој не е без проблеми сè додека се движи помеѓу животните струји;
  • Здравиот човек не ги мачи другите, туку маченикот станува измачител;
  • Состанок на две личности е како контакт на две хемиски супстанци – ако има било каква реакција, и двете ќе бидат трансформирани;
  • Чевелот кој е точен на еден, тесен е на други човек, значи не постои начин на живот кој одговара на сите;
  • Колку што можеме да воочиме, единствената цел на човечкото постоење е да се поттикне светлината во темнината на самото суштество;
  • Не може да има трансформација од темнина во светлина и од апатија во движење, без емоции;
  • Човек кој не поминал низ пеколот на своите страсти, никогаш не ги надминал;
  • Големите таленти се најчесто сакани и најопасни овошја на дрвото на човештвото. Тие висат на најтенките гранки, кои лесно се кршат;
  • Во целиот хаос тука е космосот, а во нередот тајниот поредок;
  • Сè зависи од тоа како ги гледаме нештата, а не како всушност изгледаат;
  • Да ја знаеме својата темна страна е најдобриот начин да се соочиме со темната страна на другите луѓе;
  • Знаењето не се потпира само на вистината, туку и на грешките;
  • Честопати рацете се тие кои ќе ја решат мистеријата што умот залудно се трудел да ја реши;
  • Покажи ми разумен човек и јас ќе го излечам за тебе;
  • Скршнувањето од смртта е нешто нездраво и ненормално што го заробува вториот дел од животот за негови цели;
  • Долгот кој ѝ го должиме на фантазијата е непроценлив;
  • Нештата со најмало значење вредат повеќе од нештата кои немаат никакво значење;
  • Клацкалката на умот балансира помеѓу смислата и глупоста, а не помеѓу точното и погрешното;
  • Зборот „среќа“ би ја изгубил смислата ако не е во рамнотежа со тагата;
  • Нема освестување без болка;
  • Не можеме ништо да измениме ако не го прифатиме тоа. Осудувањето не ослободува, туку угнетува;
  • Мора да се сфати во целост дека историјата не е содржана во книгите, туку тече во нашата крв;
  • Кој погледнува надвор – сонува, кој гледа внатре – се буди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот