Најубавите што сте ги јаделе – пилешки плескавици со брокула и моркови

Фото: Профимедиа

Израдувајте ги вашите најблиски и направете им оброк за паметење. Сите сакаат плескавици, но сега направете ги пилешки плескавици со додаток на зеленчук, кои се толку сочни што не ви треба прилог. А, за ручекот да биде комплетен, послужете ги пилешките плескавици со салата од ѕаѕики.

Состојки:

– 200 грама брокула

– 300 грама пилешко бело месо

– морков

– зелена пиперка

– масло

– две жолчки

– магдонос

– сол, бибер

Подготовка:

Сварете ја брокулата во солена вода, па оставете ја настрана. Во истата вода сварете го пилешкото бело месо.
Кога месото ќе се излади, испасирајте го, па додајте ги жолчката, ситно сечканиот магдонос, брокулата, морковот и биберот. Се заедно измешајте и изгмечете.
Посолете и побиберете. Направете плескавици и пржете ги во загреано масло, а кога ќе бидат готови, ставете ги на салфетка. Послужете ги додека се топли со пире од компири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот