Најскапиот ресторан на светот се наоѓа во Европа: Шоља чај чини 900, појадок 2.000 денари

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Едно од најубавите места да се испие кафе во француски Сен Тропе е ресторанот „Диор“, во кој шоља чај чини околу 900 денари.

Сместен на 200 метри од легендарниот истоимен плоштад, кафе – ресторанот на модната куќа „Диор“ се наоѓа во раскошната провансалска зграда.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Помеѓу елегантните стаклени фасади, свое место пронашол и ресторанот „Диор“. Кујната на овој ресторан одговара на неговиот декор – таа е елегантна и скапоцена.

На менито има екстра свежи производи како бурата и домати од градина, или чадена морска риба. Или можете да дојдете на вечера, кога ќе можете да изберете помеѓу две возвишени јадења: равиоли од јастог или полнета јагнешка плешка. Келнерите ќе ве предупредат да зачувате малку место за десерт, а интересно е дека сета храна е брендирана со ознаките на оваа модна куќа.

Така шоља од познати квалитетни чаеви чини 14-15 евра, додека цената на кафето, во зависност од видот, оди од пет до осум евра. Цената на појадокот по лице изнесува 35 евра и опфаќа кроасан со чоколадо, бриош, овошна салата, џем и путер, сок од портокал и кафе.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

А ако сакате да одите чекор понатаму и да нарачате појадок на ниво на високата мода, за тоа задоволство ќе мора да одвоите 50 евра, а содржината е тајна. На менито има и специјални јајца за појадок, кои сами за себе чинат 15 евра, но ако сакате посебни додатоци, секој ќе ве чини дополнително, па така тартуфи чинат 25 евра, чаден лосос 15, а шунка 10.

Особено луксузен додаток е кавијарот, па 30 грама од овој деликатес чини 135 евра, додека за 100 грама потребно е да издвоите 390 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот