Најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата потпиша договор со својот омилен клуб
Бразилецот Филипе Кутињо конечно стави потпис на траен договор со Васко да Гама, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.
Препорачано
По минатата сезона каде што настапуваше како позајмен фудбалер од Астон вила, Васко да Гама успеа целосно да го откупи неговиот договор од англискиот премиерлигаш. Новиот договор со 33-годишниот Кутињо е со важност до летото 2026 година.
Своевремено, Кутињо беше еден од најдобрите фудбалери во дресот на Ливерпул, по што во 2018 година направи сензационален трансфер во Барселона вреден 145 милиони евра, трансфер што и денес е најскап во историјата на англиски клуб.
Но, во Шпанија не успеа да ја пренесе формата од Ливерпул, па Барселона го праќаше на позајмици, прво во Баерн Минхен, а потоа и во Астон вила.
Астон вила го откупи неговиот договор во 2022 година, но трансферот не се покажа како успешен. Следуваше позајмица во катарски Ал-Духаил, а од 2024 година повторно се врати во Бразил, како позајмен играч во редовите на Васко де Гама.
Пред заминувањето во Ливерпул во 2012 година, Кутињо настапуваше и за Интер од Милано, како и за шпанскиот Еспањол.


