Најмладиот дебитант во историјата на ЕП призна дека како дете шверцувал кокаин
Џетро Вилемс, дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, ја шокира јавноста со изјавата дека како деветгодишно момче шверцувал дрога од Курасао во Холандија.
Левиот бек на Ајнтрахт кој е роден во Ротердам, Холандија, а неговите родители потекнуваат од Курасао, во ТВ емисија која ја води поранешниот фудбалер Енди Ван дер Мејде, призна дека како деветгодишно дете шверцувал кокаин заедно со своите родители.
– Во еден момент останавме без пари. Дури и кога се вработија моите родители, ние немавме доволно финансиски средства. Тогаш родителите рекоа дека ќе шверцуваме дрога. Се жртвував и јас кога видов дека моите родители не можат да го направат тоа сами. Разговараа со мене за тоа, но доколку морам да го сторам тоа за своето семејство, едноставно ќе го направам – изјави Вилемс.
Фудбалерот открива дека само еднаш шверцувал дрога но и дека тој чин претставувал пресвртница во нивните животи.
– Ми го залепија кокаинот околу ногата. Се однесував многу чудно, но тие (полицијата) всушност не обрнуваат внимание на децата. Тоа за нас беше светло на крајот од тунелот. Се помина без проблеми, а моите родители потоа најдоа и подобра работа – истакна Вилемс.
Вилемс пред ТВ камерите откри дека потоа од родителите имал само една желба, да му купат фудбалска топка која како што самиот вели, му го спаси животот. Тој неодамна беше главен актер во документарен филм во кој беше во посета на затвор во Курасао и на затворениците им зборуваше за својот живот, а потоа играше и фудбал со нив.
View this post on Instagram
Џетро Вилемс е најмладиот дебитант во историјата на Европските првенства. Со само 18 години и 71 ден дебитираше за Холандија на ЕП 2012 во натпреварот против Данска, а досега настапи на 22. натпревари за „лалињата“.
View this post on Instagram