Најмалку 127 исчезнати во бродолом крај брегот на Мумбаи

Фото: EPA-EFE

Во потрагата по исчезнатите учествуваат два брода и хеликоптери на морнарицата.

Најмалку 127 лица исчезнаа во бродолом откако циклонот Тауктае го погоди бродот ангажиран од државна нафтена компанија крај брегот на Мумбаи, на западот на Индија, јави индиската морнарица, пренесе ДПА.

Во потрагата по исчезнатите учествуваат два брода и хеликоптери на морнарицата.

Досега, како што наведува индиската морнарица, спасени се 177 лица од бродот, што полека отплови и потоа потона во близина на Бомбај Хај, крајбрежно нафтено поле со кое управува корпорацијата за нафта и природен гас.

-Многу од персоналот, што носи елеци за спасување, најверојатно се наоѓа во вода. Морето е немирно, со силни ветрови и високи бранови, па спасувањата во овие екстремно предизвикувачки околности ќе продолжат и во текот на денот, изјави за ДПА портпаролот на морнарицата Вивек Мадвал.

Обилните дождови предизвикани од циклонот Тауктае во Арапското море, во последните неколку дена предизвикаа поплави во Индија. Циклонот, со налети на ветрот од над 140 километри на час, вчера го погоди индискиот брег во сојузната држава Гуџарат.

Повеќе од 200.000 лица се евакуирани од своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот