Најмалку 10 мртви во превртено комбе пренатрупано со мигранти во Тексас

Фото: Профимедиа

Комбе, во кое загинаа десет лица во Тексас, било пренатрупано со 30 патници, двојно повеќе од дозволеното, а останатите 20 лица се повредени и се верува дека се илегални мигранти, јави државната полиција, пренесува Њујорк Тајмс.

Несреќата се случила вчера, околу 16 часот по локално време, на автопатот 281 кај Енцино, околу 30 милји северно од Мекален, во Јужен Тексас, каде комбето удрило во метален столб и знак стоп, по што се превртело.

„Возачот и девет патници загинаа, додека преостанатите 20 патници се пренесени во локалните болници, каде е утврдено дека некои се во критична состојба“ изјави шефот за јавна безбедност на Тексас, Натан Брендли.

Несреќата се случила неколку милји од контролниот пункт на Граничната полиција на САД, но Брендли вели дека сведоците на несреќата не виделе дека во тек е потера по комбето.

„Преживеаните се здобија со сериозни повреди, а патниците се чини дека се мигранти“ додаде Брендли.

Според медиумите, во комбето имало 29 илегални мигранти, без документи. Според сведоците, возачот на комбето „Форд” се обидел да сврти со голема брзина пред да удри во метален столб.

Додека околностите за несреќата се уште се испитуваат, властите работат со мексиканскиот конзулат за да ги идентификуваат жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот