Најдобрите 15 намирници најбогати со протеини од растително и животинско потекло
Зошто се важни протеините? Протеините се хранливи материи кои имаат три основни улоги во организмот. Енергетска улога – тие се неопходни за правилно функционирање на нашето тело. Улога на градители – тие учествуваат во создавање на сите живи ткива на телото, како и во обновување на кожата, косата, ноктите… Имаат и функционална улога – тие се непроценлива помош за одбрана на организмот од болести.
Препорачано
Покрај тоа, за трудниците, протеините се неопходни во формирањето на фетусот и во текот на сите фази на растот на бебето. Тие се исто така многу важни и за жените кои минуваат низ менопауза за да ја зачуваат максималната количина на мускулна маса.
Постојат два вида храна што содржи протеини. Првите се оние од животинско потекло, а другите од растително потекло.
Животинските протеини се побогати со некои основни аминокиселини кои понекогаш им недостигаат на протеините од растително потекло. Ова е тема на која дискутираат експертите за исхрана, особено затоа што сè повеќе се мисли на тоа дали би можеле целосно да ги задоволиме нашите потреби без храна од животинско потекло.
Во секој случај, оние што практикуваат веганска исхрана, веќе знаат дека има одредени видови храна богата со растителни протеини, како мешунките, тофу, но и некои зеленчуци како што се спанаќот или брокулата.
15 најдобри намирници богати со протеини
Храна богата со животински протеини
1. Јајца
Одличен извор на протеини, содржи дури 12 отсто. Жолчката од јајцето е побогата со протеини отколку белката.
Протеините од јајца се сметаат за референтни протеини: нивниот состав во аминокиселини (сите што се апсорбираат од страна на организмот) ги прави гордост на протеинската исхрана. Јајцата може да се готват на кој било начин, без да влијаат на нивниот процент на протеини: пржени, варени, меко варени и во други рецепти.
2. Црвено месо
Со просечна содржина на протеини од 18 отсто, црвеното месо е одличен извор на протеини.
Победник во секоја категорија е говедското месо, со 30 отсто протеини.
Внимание: Методот за готвење не е незначителен. Ако месото го готвите подолго време, загубата на вода ќе се компензира со зголемување на содржината на протеини.
3. Млеко
Вистинска супер храна во областа на протеинската храна е млекото во прав кое содржи повеќе од 35 отсто протеини. Исто така, богато е со калциум и други хранливи материи. Во принцип, секој вид млеко е одличен извор на овие хранливи материи.
4. Дивеч
Нискомасен и со просечна содржина на протеини од 22 отсто, дивечот не треба да се исклучува кога се обидувате да ја збогатите вашата протеинска диета.
5. Сирење
Некои сирења можат да содржат до 36 отсто протеини (како пармезанот).
Како и да е, бидејќи не јадете иста количина сирење во однос на месото, треба да ја преиспитате вкупната количина протеини што се апсорбира во споредба со делот од консумирано сирење.
Во просек, зрелите сирења содржат 26 отсто протеини, додека меките/младите сирења содржат околу 20 отсто.
6. Риба
Рибата има во просек од 21 отсто протеини, а најмногу протеини има туната.
Риба треба да се јаде двапати неделно, од кои еднаш треба тоа да биде мрсна риба.
7. Јогурт
Јогуртот и млечните производи, како рикота, содржат протеини, калциум, витамини и помагаат во регулирање на цревната флора, благодарение на пробиотиците. За здрав и без конзерванс јогурт, секогаш е подобро да го подготвите дома. Тогаш е поеколошки (без пластично шише!), со помалку шеќер и подобар за вашето здравје.
8. Ракчиња и остриги
Ракчињата и остригите се богати со протеини.
9. Бело месо
Бело месо од живина има просечна содржина на протеини од 20 отсто. Живината е популарна затоа што нејзината висока содржина на протеини е поврзана со малку маснотии и холестерол.
Храна богата со протеини од растително потекло
10. Спирулина
Ова растение, односно алга, е многу хранливо. Не само што обезбедува добра доза на протеини, туку и на железо. Сепак, секогаш мора да се обрне внимание на потеклото, бидејќи некои производи богати со конзерванси ги уништуваат нејзините хранливи придобивки.
11. Соја
Сојата е една од омилените намирници на вегетаријанците, а во просек содржи 10 отсто протеини.
12. Јаткасти плодови
Тука спаѓаат ореви, лешници, ф’стаци, бадеми и др. Како и да е, сувото овошје не е само одличен извор на протеини, туку подеднакво обезбедува и заштита од лошиот холестерол.
13. Киноа
Очигледно може да изгледа како да припаѓа на житарките, но во реалноста потекнува од растение од истото семејство како спанаќот. Богата е со растителни протеини, само помислете дека од нив има по 14 грама во 100 грама порција. Подгответе ја на ист начин како прилог и одлична е во комбинација со сезонски зеленчук и некои видови риби.
14. Семки
Ленот, тиквата, сончогледот и сусамот се исто така добар извор на протеини. Но обрнете внимание на ова – ако ги консумирате, треба да ги мелете за телото да може да ги земе комплетните вредности.
15. Мешунки
Меѓу мешунките, најбогати со протеини се сојата, леќата и леблебијата, кои обично се занемаруваат, а кои треба да се јадат почесто во текот на неделата. Во принцип, мешунките се најбогат природен извор на протеини. Само комбинирајте ги со житарки за да ги добиете сите аминокиселини што недостасигаат.


