Најдобрите дестинации во светот за 2025 - Фото: Инстаграм

ФОТО | Избор на патниците: Ова се најдобрите дестинации во светот за 2025

Секоја година платформата „ТрипАдвајзор“ анализира милиони рецензии и искуства од патници од целиот свет за да ги избере најдобрите туристички дестинации во рамки на наградите „Изборот на патници“ (Travelers’ Choice Awards).

Признанието „Најдоброто од најдобрите дестинации“ го добиваат помалку од 1 отсто од сите светски одредишта, оние што постигнале исклучително високо ниво на задоволство кај посетителите.

Овие дестинации нудат сè што патниците посакуваат – од културни знаменитости и гастрономски доживувања, до природни убавини и луксузен одмор.

1. Бали, Индонезија

Бали изгледа како жива разгледница. Посетителите можат да уживаат на бели песочни плажи, да нуркаат меѓу корални гребени или да истражуваат потонат брод од Втората светска војна. Во внатрешноста на островот, бујната џунгла крие камени храмови и разиграни мајмуни.

Бали, Индонезија / Фото: Pexels

2. Лондон, Британија

Лондон е град што спојува различни светови – од модерниот Шордич, преку алтернативниот Камден , до шармантната улица Портобело. Историски знаменитости, музеи, ресторани со Мишлен ѕвезди и традиционални пабови нудат бескрајни можности за истражување.

Лондон, Велика Британија / Фото: Pexels

3. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Дубаи претставува спој на современа култура, историја и луксуз. Посетете ја Операта во Дубаи, искачете се на Бурџ Калиф, прошетајте низ златните и зачинските пазари или доживејте пустинска авантура со балон, адреналински активности или скок со падобран.

Дубаи, Обединети Арапски Емирати / Фото: Pexels

4. Ханој, Виетнам

Ханој е шармантен град со зачуван Стар град, споменици и колонијална архитектура, но и со модерен развој. Езерата, парковите и повеќе од 600 храмови и пагоди му даваат уникатен карактер.

5. Париз, Франција

Уживајте во кроасан во мало кафуле, прошетка покрај реката Сена и поглед кон Ајфеловата кула. Париз нуди совршен баланс меѓу одмор и возбуда, преку музеи, антикварници и култни вечерни претстави како оние во кабарето „Мулен Руж“.

6. Рим, Италија

Рим е мозаик од плоштади, пазари и историски споменици. Фрлете паричка во фонтаната Треви, восхитувајте се на Колосеумот и Пантеонот, и уживајте во автентична италијанска кујна со свежа тестенина и сладолед.

7. Маракеш, Мароко

Маракеш е магичен град полн со пазари, градини, палати и џамии. Истражете ја медината, прошетајте низ градината Жарден Мажорел или посетете историски верски објекти (влезот за немуслимани е ограничен).

8. Бангкок, Тајланд

Бангкок е динамичен и интензивен град каде храмовите, уличната храна и ноќниот живот се дел од секојдневието. За одмор, посетете го паркот Лумпини или опуштете се со традиционална тајландска масажа.

9. Крит, Грција

Крит е остров со богата археолошка и митолошка историја. Посетете ги минојските урнатини во Малија, планината Ида – митскиот дом на Зевс – и стариот венецијански град Хања.

10. Њујорк, Соединети Американски Држави

Њујорк е град што не може да се доживее во една посета. Задолжително посетете ги Емпајр Стејт Билдинг, Кипот на слободата и Централниот парк, а потоа откријте и помалку познати локации како Клојстерс.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ: „Семејство на пат“ – големи авантури и настава од дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот